Новата бескаматна кредитна линија „Ковид 4“

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими и извршниот директор на Развојната банка на Северна Македонија, Кире Наумов денес на прес-конференција ја промовираа новата, бескаматна кредитна линија „Ковид 4“, за која компаниите ќе може да аплицираат од 15 јули.