Повик за менторство

 

ПОВИК ЗА МЕНТОРСТВО

 

обезбедување на техничка помош и поддршка за примена  на  методологиите за социјална отчетност (мониторинг и анализа на буџет, мониторинг во заедницата и социјална ревизија) во периодот од јануари до декември 2016 година

 

Вовед  и цел на обезбедување на техничката помош и поддршка

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ распишува Повик за обезбедување на менторство за граѓански организации кои планираат во својата работа да вклучат некоја/некои од следните методологии за социјална отчетност:

  • Мониторинг и анализа на буџети;

  • Мониторинг во заедницата;  и

  • Социјална ревизија       

Преку Програмата за менторство, Здружение ЕСЕ има за цел да обезбеди помош и поддршка на организациите кои работат во областа на здравството и сакаат да започнат со примена на нови и иновативни методологии во својата работа. Методологиите за социјална отчетност овозможуваат унапредување на работата на граѓанските организации преку: зајакнување на активностите за мониторинг на спроведување на политиките, унапредување на степенот на информираност и запознаеност на целните групи на граѓани, мобилизирање на граѓаните околу одредено прашање од интерес, воспоставување и зајакнување на соработката со сојузниците   и застапување базирано на докази.

 

Вид на помош и поддршка

Менторството ќе се состои  во обезбедување на техничка помош и поддршка во:

  • развој на планот за вклучување и примена на селектираната методологија за социјална отчетност во редовните активности на организацијата,

  • развивање на алатки и техники за спроведување на селектираната методологија,

  • имплементација на селектираната методологија,

  • осмислување и подготовка на наодите од спроведената методологија.  

 

Критериуми за обезбедување на техничка помош и поддршка

Граѓанските организации кои се заинтересирани да аплицираат за добивање на техничката помош и поддршка треба да ги исполнуваат следните критериуми:

  • да работи на унапредување на здравјето на одредена ранлива категорија на граѓани,

  • да има солидно познавање на јавните политики со кои се уредува правото за здравје и пристап до здравствена заштита на целната група на граѓани со која работи,

  • да спровела минимум една иницијатива за застапување за промени во важечките јавни политики во насока на унапредување на пристапот до здравствена заштита и услуги на целните групи со кои работи со користење на буџетски податоци, партиципативно истражување,

  • да верува дека со примената на некоја од методологиите за социјална отчетност може да придонесе кон унапредување на здравјето и пристапот до здравствени услуги на граѓаните со кои работи и на кое конкретно сака да примени некоја од методологиите на социјална отченост

  • да учествувале на тренингот за “Здравство и буџети” организиран и спроведен од Здружението ЕСЕ.

Доколку сте заинтересирани да бидете дел од програмата за менторство за примена и имплементација на методологиите за социјална отчетност на Здружението ЕСЕ, Ве покануваме да го пополните формуларот за аплицирање даден подолу и да го доставите до ЕСЕ најдоцна до 25 декември.

Повикот и обезбедувањето на менторство на Здружението ЕСЕ, финансиски е поддржана од Фондацијата Отворено Општество Македонија и Фондациите Отворено Општество Њујорк. Менторство ќе се  обезбеди  на три граѓански организации од Р. Македонија кои ги исполнуваат наведените критериуми. Менторството ќе се обезбедува во периодот 01.01.2016 до 31.12.2016 година.

 

Начин на селекција и информирање

Селекцијата на примените апликации ќе ја врши комитет составен од пет лица. Одлуката за апликација ќе се донесе до крајот на календарската година и за одлуката за изборот на кандидатите ќе бидат информирани само оние граѓански организации кои ќе бидат  избрани.

 

ФОРМУЛАР ЗА АПЛИЦИРАЊЕ