Во 2015 година нема напредок во нивото на транспарентност на јавните институции во РМ

 

 

  • Пет од дваесет мониторирани институции не објавиле ниту еден податок за своето програмско и финансиско/буџетско работење (Министерството за здравство на РМ, Институтот за јавно здравје на РМ, Здравствениот дом Скопје, Центарот за јавно здравје Кочани и Општината Шуто Оризари).
  • Тринаесет од дваесет мониторирани институции не објавиле ниту еден податок за своето финансиско/буџетско работење, меѓу кои: Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, Здравствениот дом Скопје, Центарот за јавно здравје Скопје, Министерството за труд и социјална политика, Центарот за јавно здравје Кочани, Владата на РМ, Општината Шуто Оризари, Министерството за образование и наука, Министерството за култура, Министерството за надворешни работи, Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда.
  • Ниту една од дваесетте мониторирани институции во 2015 година не објавила:буџетски календар, предбуџетска изјава; поедноставна верзија на буџетот (граѓански буџет); предложени измени и дополнувања на буџетот и ревизорски извештај.
  • Министерството за финансии е единствената институција во 2015 година што објавила: предлог-буџет; усвоен буџет во отворен формат (xml) и усвоени измени и дополнувања на буџетот.
  • Фондот за здравствено осигурување е единствената институција во 2015 година што објавила полугодишен извештај за извршување на буџетот.– Општината Делчево, Општината Виница, Министерството за образование и наука и Министерството за надворешни работи објавиле само по еден од вкупно 16 мониторирани програмски и буџетски документи.

Во 2015 година нема напредок во  нивото на транспарентност на јавните институции во РМ