База на фискални податоци

 

Базата на фискални податоци овозможува поедноставен, систематизиран и аналитички приказ на фискалните и буџетските податоци, како: буџет на РМ, измени и дополнувања на буџетот на РМ, периодични извештаи за извршување на буџетот на РМ, завршна сметка на буџетот на РМ, извештаи за состојбата и управувањето со јавниот долг на РМ и други поважни документи што не ѝ се достапни на пошироката јавност во поедноставен и отворен формат, кој овозможува брза обработка и следење. Некои од објавените документи во овој дел од платформата се документи што се јавно достапни во затворен формат (pdf), а дел се документи што Здружението ЕСЕ ги има прибрано во постапка за слободен пристап до информации од јавен карактер. Базите на податоци може да се преземат во форматот ексел (Excel) и се погодни за обработка.

Со ваквиот пристап имаме за цел на сите заинтересирани да им овозможиме да го следат фискалното работење на Владата на Република Македонија и да го поттикнеме нивното активно вклучување во дискусиите за моменталните политики и трендови во насока на нивно унапредување.

Оваа база на податоци не ја супституира обврската на јавните институции за проактивно објавување на податоците за своето фискално работење во формат што ќе овозможи полесен пристап и користење на податоците со кои располагаат јавните институции, а на јавноста ќе ѝ овозможат да биде коректив на постојните практики и политики базирани врз заеднички приоритети.

 

Други поважни фискални документи