Отворање на владата - Водич за најдобри практики на транспарентност, отчетност и граѓанско учество во јавниот сектор

 

Во јануари 2011 година, мала група владини и граѓански лидери од целиот свет се собраа во Вашингтон за да разгледаат како да се засили растечкиот глобален замав на транспарентноста, отчетноста и граѓанското учество во власта. Резултатот беше создавањето на Партнерството за отворена влада (ПОВ), нова повеќечлена коалиција на актери во владите, граѓанското општество и приватниот сектор кои работат на унапредување на отворената влада низ целиот свет – со цел зголемување на одговорноста на јавниот сектор кон граѓаните, борба против корупцијата, унапредување на економската ефикасност, искористување на иновациите, како и подобрување на испораката на услуги.

Во септември 2011 година, овие влади основачи на ПОВ ќе се соберат во Њујорк на маргините на Генералното собрание на ОН за да прифатат, на високо ниво, низа принципи на

отворена влада, да ги објават конкретните обврски на земјите за практицирање на ваквите принципи и да го поканат граѓанскиот сектор да го оценува напредувањето на нивната реализација. Исто така, во септември, поинаква коалиција на владите ќе стане и ќе ја објави својата намера да се приклучи кон шестмесечен процес што ќе кулминира во објавување на нивните обврски за ПОВ и потпишување на декларација за принципите во јануари 2012 година.

Со цел да го потпомогне информирањето на владите, граѓанското општество и приватниот сектор при развивањето на нивните обврски за ПОВ, Иницијативата за транспарентност и отчетност (Иницијативата Т/О) се обрати до водечките експерти од широка низа области на

отворената влада за да ги добие нивните мислења околу актуелните најдобри практики и околу практичните чекори што учесниците во ПОВ и другите влади може да ги преземат за нивно остварување.

Резултатот е првиот документ од ваков вид во кој се собрани најновите информации за транспарентноста, отчетноста и граѓанското учество во 15 области на управување, кои се движат од широки категории како што се пристап до информации, испорака на услуги и буџетирање, па сe до поконкретни сектори како што се шумарството, набавките и финансиите за климатските промени.

Придонесот на секој експерт е организиран според три нивоа на потенцијални обврски во врска со отворената влада за секој даден сектор – минимални чекори за земјите што почнуваат од релативно ниска појдовна точка, посуштински чекори за земјите што веќе постигнале умерен напредок и најамбициозни чекори за земјите што се напредни реализатори на отворената влада.

Иницијативата Т/О се надева дека владите, граѓанските организации, приватниот сектор и другите заинтересирани страни ќе го најдат овој ресурс за корисен не само во врска со информирањето на земјата околу обврските за ПОВ, туку и пошироко, за инспирирање на нови реформи, застапување и јавно-приватни партнерства, со цел да се создадат поотворени влади низ целиот свет.

Прочитај повеќе...