Закон за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните

 

Објавен во Службен весник број: 81/2005

Датум на објавување: 27.09.2005

Хронологија на измени и дополнувања: 81/2005; 3/2006

 

Што уредува овој закон: Со овој закон се уредуваат начинот и постапката за решавање и спроведување на референдум (од член 6 до член 65), покренување на граѓанска иницијатива (од член 66 до член 81),, свикување и одржување на собир на граѓани (од член 82 до член 89), како и други прашања од значење за непосредно изјаснување на граѓаните.

Клучни одредби од овој закон кои се однесуваат на граѓанско учество на локално ниво:

Член 1 – Со овој закон се уредуваат начинот и постапката за распишување и спроведување на референдум, покренување граѓанска иницијатива, свикување и одржување собир на граѓани, како и други прашања од значење за непосредно изјаснување на граѓаните.”

Член 2 – Референдум е облик на непосредно изјаснување на граѓаните во одлучувањето за одделни прашања од надлежност на Собранието на РМ, општините, градот Скопје и други прашања од локално значење.”

Член 3, став 1 – Граѓанската иницијатива е облик на непосредно изјаснување на граѓаните во одлучувањето преку покренување на иницијативи пред Собранието на РМ, советот на општините ...”

Член 4 – Собирот на граѓани е облик на непосредно изјаснување на граѓаните во одлучувањето на прашања од локално значење за општините, градот Скопје и општините во градот Скопје и од значење за месната самоуправа за која се однесува прашањето.”

Прилог, консолидиран текст на законот...