Објавен во Службен весник број: 62/2005
Датум на објавување: 28.07.2005
Хронологија на измени и дополнувања: 62/2005; 137/2006; 88/2008; 35/2011; 139/2014
Што уредува овој закон: Со овој закон се уредува/уредуваат управувањето со јавниот долг, намените на државниот долг, постапката и начините на задолжување, постапката на издавање, сервисирање и престанок на државни гаранции, како и информирањето за јавниот долг.
Клучни одредби од овој закон кои се однесуваат на тренспарентнот и отчетност:
“Член 11 - Министерството за финансии во управувањето со јавниот долг, ги има следниве надлежности: - подготвува годишен извештај за управување со јавниот долг;”
“Член 26 - (1) Сите носители на јавниот долг, освен општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, се должни до Министерството за финансии да доставуваат најдоцна до петнаесеттиот ден од месецот месечна информација за промените на состојбата на секое задолжување во претходниот месец. (2) Општините, општините во градот Скопје и градот Скопје се должни до Министерството за финансии најдоцна 30 дена по завршувањето на кварталот да доставуваат квартални информации за промените на состојбата на секое задолжување во претходниот квартал, како и за промените на состојбата на издадените гаранции. (3) Информациите на општините, општините во градот Скопје и на градот Скопје од ставот (2) на овој член, задолжително треба да содржат и податоци за долгот на јавните претпријатија основани од општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, како и трговските друштва кои се во целосна или во доминантна сопственост на oпштините, општините во градот Скопје и градот Скопје. (4) Министерот за финансии поблиску ги пропишува видовите и содржината на информациите од ставовите (1) и (2) на овој член. (5) Министерот за финансии може да побара дополнителни информации за секое задолжување, по кое барање носителите на јавниот долг мораат да се произнесат најдоцна во рок од седум дена од денот на приемот на истото.”
“Член 27 - (1) Годишниот извештај за управување со јавниот долг се разгледува од страна на Владата на Република Македонија и се поднесува за информирање до Собранието на Република Македонија. (2) Податоците за јавниот долг, Министерството за финансии ги објавува на својата веб страница и во Билтенот на Министерството за финансии.”
Прилог, консолидиран текст на законот...