Публикации

Претходно|1234|Следно

Што се случува со парите од холандскиот грант ОРИО наменети за унапредување на здравствената заштита на мајките и децата?

 

Здружението ЕСЕ од 2009 година во континуитет работи на полето на унапредување на здравствената заштита на мајките и децата и за таа цел до сега на  Министерството за здравство на Р. Македонија му има доставено повеќе предлог ‑ мерки за зголемување на опфатот на деца Роми со имунизација и превентивни здравствени услуги. Активностите на ова поле ЕСЕ ги спроведува во соработка со три ромски граѓански организации.

Имајќи го во предвид нашиот предмет на интерес и целта на проектот „Поставување на интегриран систем за здравствена заштита на мајките и децата за подобрување на здравствените исходи во Р. Македонија“ спроведуван од страна на Министерството за здравство, подготвивме анализа на програмска и финансиска имплементациј...Повеќе

Најзатворени институции за јавноста за 2013 година

 

Владата на РМ, Генералниот секретаријат при Владата на РМ, Министерството за финансии и Центрите за јавно здравје (Прилеп, Куманово, Тетово, Велес, Струмица, Штип, Гевгелија и Битола) се најзатворени институции за јавноста за 2013 година.

Здравствените домови (Струмица, Вевчани, Кратово, Тетово, Велес, Кочани, Охрид, Скопје и Железара), Општите и Клиничките болници (Струга, Штип, Прилеп, Струмица, Кичево и 8ми септември) и Македонската радио телевизија се нај реактивно транспарентни институции за 2013 година.

Додека пак, Министерството за здравство на РМ, Фондот за здравствено осигурување на РМ и Институтот за јавно здравје на РМ го имаат статусот на делумно транспарентни институции.

Повеќе


Проактивна транспарентност: Иднината на правото на информации?

 

Прирачникот насловен како “Проактивна транспарентност: Иднина на правото на информации” од Хелен Дарбишир, а издаден од Светската банка, нуди низа на позитивни практики и информации кои можат да послужат на сите оние кои работат на полето на унапредување на транспарентноста и отчетноста во работењето на јавните институции, како и промовираат проактивен пристап во остварување на повисока транспарентност кај јавните институции. Со цел да го направиме овој материјал подостапен за пошироката јавност во РМ Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ со поддршка на Фондацијата Отворено Општество Македонија, подготви превод на македонски јазик.

Преземи го преводот на следнио...Повеќе

Проактивно нетранспарентни институции за 2013 година

 

Фондот за здравствено осигурување на РМ објавува најмногу информации за своето работење на својата официјална интернет страница. Министерството за финансии, Министерството за здравство и општина Кочани објавуваат само одредени документи и информации, поврзани со нивното работење, на нивните официјални интернет страници, но не се проактивно транспарентно. Институтот за јавно здравје на РМ, Здравствениот дом Скопје и општина Тетово не објавуваат ниту еден документ или информација, која се однесува на нивното работење, на својата официјална интернет страница.

Прочитај повеќе за наодите од анализата ...

...Повеќе

Со колку пари располага здравството и колку се трошат за здравјето на Ромите во РМ?


Претходно|1234|Следно